Поранешната задругарка Тара Симов и нејзиниот невенчан сопруг Данило Раичевиќ со кој има син ја прекинаа врската, а неодамна меѓу нив дојде до жестока расправија каде Симова истакна дека Данило бил агресивен кон неа.
Сите продолжија по својот пат, а Тара сега објави на својот Тик Ток профил каде покажа дека ужива во љубовта и дека има ново момче.
Имено, Тара објави фотографија со мистериозен маж кој ја бакнува во усните, а на фотографијата ставила налепница во форма на срце.
Да потсетиме, нејзиното поранешно момче Данило до сега не се огласи во медиумите, а неодамна проговори за моменталната ситуација меѓу него и неговата поранешна девојка.
– Има договор да не се зборува за тоа, мислам дека најдоброто е за мајката на моето дете и исто така и посакувам се најдобро. Тоа е договор што нема да го прекршам и не зборувам за него, тука е повлечена линијата и тука е крајот – изјави Данило за Блиц и откри дека, исто како и минатиот пат, никогаш јавно нема да каже ништо лошо за Тара.
– Не кажав ништо лошо за мојата поранешна девојка минатиот пат, а нема да го сторам ниту сега.
фото: printskrin/instagram/tarasimov