Пејачката Тања Савиќ ужива во летниот одмор, од каде што сподели заводливо видео.
Пејачката Тања Савиќ ги изненади обожавателите појавувајќи се без шминка и во бикини, гордо покажувајќи ги своите облини. Таа моментално престојува на луксузна дестинација со својот вереник Муки Бешиќ и синовите, од каде редовно споделува моменти на социјалните мрежи.
Иако ретко ја гледаме во вакво издание, Тања реши да ја покаже својата природна убавина и самодоверба, собирајќи бројни позитивни реакции.

На Инстаграм, пејачката сподели видео во кое нема ни трошка шминка. Со разбушавена коса, мокра, Тања блескаше во црн костим за капење кој ги истакнуваше нејзините природни, заводливи гради.
„Само диво“, напиша Тања.
View this post on Instagram
Патем, неодамна, Тања Савиќ, зборувајќи за својот партнер, Мухамед Муки Бешиќ, истакна дека тој е внимателен.
„Моето момче ме поддржува! Ме поддржува до одредена точка, а кога ќе види дека тоа ме притиска, престанува. За некои други работи не ме поддржува , но навикнав “, рече таа со насмевка, покажувајќи колку ја цени неговата поддршка.
Инаку, пејачката Тања Савиќ неодамна ја извести јавноста дека морала да ги откаже претстојните настапи поради исцрпеност и болест.
Foto: print Screen/Instagram




