Тамара Тодевска во пејачката кариера можеби не успеа да се инфилтрира на српската естрада, а за тамошната публика и музички пазар остана како пејачката позната по хитот „1003“ и како сестрата на Тијана Дапчевиќ.
Токму во шоуто „Никогаш не е доцна“ каде Тијана често знаеме да ја видиме во жири, овој пат од најновата, последна емисија, во улога на гостин судија ја видовме и Тамара.

Видно расположена и насмеана како и секогаш, Тамара со нетипична песна за својот музички израз, нумерата „Недеља“, го отвори шоуто и наедно со таквата музичка најава беше јасно за гледачите и публиката во студио дека таа ќе биде гостинката од Македонија во жири.
Ова беше и прилика за тамошните медиуми да поразговараат со неа и да ја потпрашаат нешто повеќе за нејзините наследници за кои кажа:

-Хана и Дарен се светлината во мојот живот. Хана е танчарка, хип- хоперка. Играм и јас со неа, но таа многу подобро игра од мене. Тоа е една цела организација и цел еден свет, посебен во кој таа живее. Како мајка, минатата недела бев во Љубљана да ја бодрам на натпревар од светска категорија каде освои златен медал. Јас сум горда мајка. Што се однесува на Дарен, мојот син, има шест години. Тој е глумец на тетка. Двајцата имаат ѕвезда и тоа ме радува, имаат нешто што јас го сакав да го имаат, оној „X – фактор“, онаа посебна енергија, се пофали Тамара.
View this post on Instagram
Колку за промена, ова беше малку поинакво искуство за Тамара перидов, чувство на дадено посебно внимание со поканата за гостување, втора по ред, а наедно и супер маркетинг кај соседите, чисто да не ја заборават…
фото:Instagram printscreen/nikadnijekasno_official






