Радио Милева слатко

Тамара Тодевска покажа како ги полни батериите за настап: Пејачката ги „стопи“ следбениците од глетката што ја сподели (фото)

Тамара Тодевска покажа како ги полни батериите за настап: Пејачката ги „стопи“ следбениците од глетката што ја сподели (фото)

Исцрпеноста и недостатокот на сон во вечерните часови е нешто што на пејачите им е добро познато. Тие  се навикнати на тоа темпо и  се чини  дека никогаш не спијат, сепак во реалноста  тоа не е така.

Тамара Тодевска несомнено е една од нашите најголеми музички ѕвезди. Кај неа адреналинот работи постојано, а пред публиката и камерите воопшто не и е непријатно  бидејќи на тоа веќе е  навикната.

Покрај пеењето, Тамара е презафатена и со активностите околу нејзините две деца, но наоѓа време за себе, односно за љубовната романса со саканиот Лука поминувајќи прекрасни заеднички  мигови.

Пејачката често остава впечаток и дека постојано во рацете го држи мобилниот телефон играјќи си на Инстаграм забавните апликации,  но и одговарајќи на прашањата од следбениците преку кои сака да им открие  голем дел од приватниот живот, секако за она што сака и и“ одговара.

Овој пат се одлучи да покаже и како ги полни батериите.

Па наместо некоја од активностите со кои постојано е „окупирана“ таа покажа фотографија на која заедно со нејзиното милениче тоне во длабок сон.

„Понеделник на нас пејачките“  – појасни Тамара во описот на фотографијата која денес ја сподели и ги воодушеви сите.

Фото: printskrin/instagram/tamaratodevska

To top