Тамара Тодевска несомнено дека покрај Калиопи и каролина е најдобриот женски вокал не само во Македонија, туку и многу пошироко. Тоа е барем оддамна познато. Ама затоа она што малку се знае, а беше само малку и наговестено во една од епизодите на третата сезона на хумористичната ТВ серија „Преспав“, дека пејачката ептен ја бива и за глума.
Тога се појави епизодно во улогата на бремената пејачка Косара, на која пред хотелската рецепција ќе и пукне водењакот.

Но, после ова што сега го прикажа на својот Инстаграм, дефинитивно слободно може да ја замени сестра и Тијана, ако некој од сценаристите реши на пример Коста да го разведе, откако Тијана не ќе може или од разни причини повеќе нема да сака да ја игра улогата на Ула!
Имено, Тамара Тодевска нервозна влетува во цвеќарница, па и го тресна букетот од тезгата на познатата цвеќарката, некогашната манекенка, модел и ТВ водителка, Ана Исаиева, која сега е горда сопственичка на една скопска цвеќарница во центарот на македоската престолнина.

„Јас ова не го нарачав… Јас ова не знам што е, дали се конфети или е цвеќе“ – вреска пејачката додека лутито го треска букетот од тезгата, кој се распаѓа и разлетува на сите страни низ цвеќарницата!

„Ама, госпоѓо… Овој букет не е оод кај нас“ – и вели смирено цвеќарката Ана.
„Знам, ама… Ако може да ми направите нов, убав…?“ – ја „спушта топката“ Тамара и додека се лади од жештината, букетот за час е готов. А потоа од нервоза во која пукаат гласници, во еуфорија со солзи радосници…

„Јуууу… Ова никогаш нема да ви го заборавам“ – се заблагодарува расплаканата пејачка и среќна заминува од цвеќарницата.


„Ахахахахахаха…. Каааква глумица си сесре, брао“ – насмеана до уши констатираше Тијана, фалејќи ги врвните актерски способности на сестра и Тамара која заедно со нејзиното цветно фијаско, на крај доби заслужен аплауз.

Како и одлично осмислената рекламна Инстаграм „едночинка“ на двете познати Македонки – пејачката Тамара Тодевски и нејзината пријателка, екс манекенката, модел и ТВ водителка, Ана Исаиева – денес горда сопственичка на цвеќарница или бутик за ботаника, што би рекла самата!
View this post on Instagram
Фото и видео: Јутјуб принтскрин-Преспав/ Инстаграм/tamaratodevska







