Соцето во Дојран најчесто посилно свети и прави да биде потпопло за разлика од другите краишта во Македонија, ама за Игор Џамбазов како жител на Дојран, сега дојранското сонце уште посилно свети и грее откако му се врати таа.
Од што му е убаво на душа му доаѓа да вика, пее, свири… зашто нејзиното враќање од Америка за него е повеќе од празник, ма милина, бајка за душа и срце!

Во нејзино друштво музиката звучи поубаво, јадењето е повкусно, а светлината на денот прави виножито дури и кога претходно не врнело…
Таа со своето постоење, енергија и најважно непосредно присуство, за Игор Џамбазов едноставно умее да направи магија, толку моќна, а сепак толку природна, вродена, наследена, единствена и посебна за како што тој во својата последна објава:
-Една е сестра.
Плус од Америка.
Доаѓа како торнадо,
си оди како пролетно ветренце…

Татјана Џамбазова од далечната Америка му дојде на гости на брата си, а тој посреќен не може да биде. Седнати еден до друг, гушнати, насмеани, сплотени, а тој со посебна желба – таа да остане во Дојран, но не како гостинка, туку како константен член во неговиот дом – новата куќа во Дојран.
Kако што неодамна кажа во поткастот „Ништо лично“ кај Антонио Димитриевски, ова е негова голема желба за која посакуваме да се поклопат коцките и да му се исполни.
А засега, нека им е наздравје за секој заеднички поминат миг и уште многу такви во иднина!

За потсетување, Тања е архитект/технологист со завидна кариера на светско ниво која години наназад живее во Сан Франциско.
фото:Instagram printscreen/igordzambazov





