Радио Милева редовна утринска “шок терапија“

Таа е раат само кога колегата пие кафе: Уште едно (не)нормално утро за водителката на утринската на МТВ, Кристина Талеска Големтеова (ВИДЕО)

Таа е раат само кога колегата пие кафе: Уште едно (не)нормално утро за водителката на утринската на МТВ, Кристина Талеска Големтеова (ВИДЕО)

Кристина Талеска Големтеова и Ване Маркоски ТВ се водителски тандем во утринската програма на МТВ. Ама само за на ТВ екраните. Зад камерите речиси редовно се случува нешто сосема друго, многу поинакво од она што се гледа на телевизија.

Имено посилната водителска половина речиси редовно знае да ја „извади од кондури“ својата колешка. И тоа намерно, како да му е станато еден вид утринска навика, без која утрото пред камери не му почнува. И нему и на колешката.

Впрочем, Кристина е раат само додека тој го пие орвото утринско кафе.

Тогаш водителка си е мирна, па множе слободно да се концетрира на најавите, а Бога ми ако е уште и подбро расположена, може и да си запее. Ама само додека колегата не ја испразнил шолјата.

Е тогаш, доаѓа неволјата за Големтеова. Во вид на редовна  утринска „шок терапија“.

Зашто расположеиот колега редовно е подготвен за шега… Ама не и на своја сметка, туку како по правило на нејзина.

Така, пред некое време вака тргна да ја „расони“…

А, пак сега, реши поинаку да ја распамети… Од шокот за малку ќе летнеа во воздух и сценариото и мобилниот ќе се стореше параомапарче, па ќе завршеше во делови…

До душа, хартијата трпи се’, ама како што трпи  Кристина Талеска Големтеова од Ване Марковски, не трпи ни профилот…  кога ќе ти го хакнат!

Ама што да прави сиромашката… Сакала – нејќела, веќе е навикната, зашто ова е само уште едно (не)нормално утро за водителката на утринската програма на македонската телевизија, Кристина Талеска Големтеова!

Фото и видео: Инстаграм/vanemarkoski_

To top