Радио Милева „на патот кон стотка“...

Таа е највозрасната активна пејачка можеби на целата планета: Добрила Ивановска Чабриќ го прослави 97-иот роденден! (ФОТО)

Таа е највозрасната активна пејачка можеби на целата планета: Добрила Ивановска Чабриќ го прослави 97-иот роденден! (ФОТО)

Пејачката, актерка и победничка во еден од серијалите  на регионалното музичко натпрееварување за возрасни „Никогаш не е доцна“, македонската претставничка Добрила Ивановска Чабриќ викендов, поточно на 01.02.2025 година го прослави својот 97 роденден.

Социјалните мрежи беа преплавени со честитки од нејзините фанови, семејството и пријателите, кои и посакуваа добро здравје и многу среќа во животот. Добрила и понатаму е на првото место, како најстарата активна пејачка и актерка која редовно настапува со својата монодрама низ регионот. По сите анализи и истражувања таа е веројатно и највозрасната активна пејачка на целата планета.

Иако животот воопшто не ја  галел, таа успеала да се справи со сите предизвици и да дочека длабока старост во која е и тоа како професионално активна.

Една од семејните трагедии за која во една прилика кажа дека ѝ е и најголема болка која никогаш нема да престане е загубата на синот. За него кратко зборуваше во едно свое интервју:

„Ако јас мојот син не успеав да го убедам дека животот е убав и дека треба јас да сум му пример, јас немам право да заминам по него. Тој крена раце од себе си, од животот, тој не сакаше да се лечи. Замина прерано и велам дека немам право да заминам по него, затоа што мене тој пат секако ме чека“ – кажа тогаш Добрила.

Но, Добрила вели дека  отсекогаш  ја гледала убавината и позитивната страна на животот и тоа ѝ давало сила.

„Пресреќна сум што имам поколение од својот син, што мојата крв оди понатаму. Затоа, имам сила да живеам, сакам да живеам и ќе им бидам пример на сите како треба да живеат“ – ќе дополни пејачката.

 Вели дека нема тајна на неизната долговечност и успехот, туку едноставно таа „плива во морето љубов на нејзините фанови“! Ja  напишала и издаде својата автобиографија: „На патото кон стотатата“, книга за својот живот, за која вели дека сега се прави сценарио за монодрама која би ја играла и во Македонија, но потоа и во Србија на српски јазик. 

„Немам неостварени желби… Jас живеам спонтано и некоја специјална желба и немам… Всушност… Би сакала да живеам вечно (ха, ха, ха…) Се зарекнав дека ќе живеам  130 години. Долговечна сум на дедо ми и баба ми. Тој живееше до стотка, а баба ми до 99!

Добрила раскажа дека има и нова песна во 97 година.  Имено, една поетеса инспирирана од нејзината книга и живот и напишала песна, која пејачката ја снимила и таа сега и е омилена.

Покрај сите активности што ги прави, Добрила се уште вози автомобил и сама патува на сите свои настапи.

„Полицајците и цариниците кога ќе ме видат веќе ме познаваат, па се радуваат што ме гледаат, а јас умеам да ги почестам. Јас сум многу популарна и многу  сакана, па се чувствувам како да лебдам во некои убави години“ – изјави неодамна Добрила за Гранд и додаде дека не може да функционира без својот автомобил.

„Се чувствувам како птица со крилја, толку долго го чекав. Колата е одлична за мене, мала и удобна, економична и не инспирира никакви лудории.  НО, јас секако возам полека и безбедно“ – коментира славеничката.

Фото: Јутјуб принтскрин – Nikad nije kasno/Инстаграм – cabricdobrila

 
To top