Радио Милева големиот ден

Светски познатата музичка и ТВ ѕвезда прежива три мозочни и еден срцев удар на 30 години, а сега ја дочека својата венчавка иако и предвидоа уште 10 минути живот

Светски познатата музичка и ТВ ѕвезда прежива три мозочни и еден срцев удар на 30 години, а сега ја дочека својата венчавка иако и предвидоа уште 10 минути живот

Музичарката и актерка Деми Ловато се омажи за текстописецот Џордан Лутс, дознава Vogue. Свадбата се одржа овој викенд во Калифорнија. Невестата прошетала до олтарот во венчаница од Вивиен Вествуд.

-Долго време сум обожавател на дизајните на Вивиен Вествуд, изјави Деми за Vogue.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Vogue (@voguemagazine)

 

„Кога размислував за стилот на фустан што го сакам, често се враќав на нејзините дизајни, особено затоа што тие навистина ги истакнуваат облините на телото“, рече Деми.

Ноќта пред свадбата, поп-ѕвездата и нејзиниот сегашен сопруг беа домаќини на пробна вечера. Организаторката на свадби Минди Вајс ја водеше свадбата. Овој Ден на вљубените, Деми објави серија фотографии со Џордан и нагласи колку едвај чека свадбата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Demi Lovato (@ddlovato)

 

-Џордан, едвај чекам да се омажам. Изминатите три години беа најубавите три години во мојот живот и ти благодарам за тоа. Опседната сум со твоето срце, љубов и светлина. Едвај чекам да остарам со тебе и да основам семејство, напиша Деми.

Инаку, во 2021 година, Деми Ловато откри во документарната серија „Танцување со ѓаволот“ што ѝ се случило откако се предозирала во 2018 година.

– Имав три мозочни удари, имав срцев удар. Лекарите тогаш рекоа дека ми остануваат уште пет до 10 минути живот – рекла таа во документарецот.

Се верува дека Деми се предозирала со хероин. Пејачката и актерка во документарната серија се споредила себеси со мачка бидејќи преживеала многупати.

– Имам оштетување на мозокот и денес се борам со последиците. Не возам автомобил затоа што имам проблем со видот – рекла таа, а потоа додала дека долго време имала тешкотии со читањето.

– Навистина беше голема работа кога успеав да ја прочитам книгата, да речеме, два месеци подоцна, бидејќи видот ми беше толку заматен – истакна таа.

– Поминаа две години откако се соочив лице в лице со најтемната точка во мојот живот, но сега сум подготвена да ја споделам приказната со светот. За првпат, ќе можете да видите, од моја гледна точка, како се одвиваа мојата борба и трајното лекување. Благодарна сум што успеав да го поминам ова патување, да се соочам со минатото и конечно да го споделам со светот – порачала таа во најавата за документарецот.

фото:Instagram printscreen/voguemagazine/ddlovato

To top