Нов портрет на Кејт Мидлтон се појави на насловната страница на магазинот „Татлер“ и буквално го згрози светот.
-“Каков ужасен портрет на принцезата од Велс! Кој го остави тоа на насловната страница??? Дури и објавен од Татлер!!!” – се дел од илјадниците коментари на социјалните мрежи, но повеќето се оние кои забележале големи нелогичности.
-„Зошто едното око е помало од другото? – праша еден од следбениците на овој магазин на нивната официјална страница на Инстаграм.
– „Каков страшен портрет на убава жена“ – коментира друг.
-„Откако Кејт стана Азијка“ – напиша трет.
View this post on Instagram
Инаку, автор на сликата е британско-замбиската уметница Хана Узор, која истакна дека е инспирирана од видео пораката на Кејт во која објави дека има рак.
– Навистина успеа во улогата, родена е за ова. Кејт се носи со такво достоинство, елеганција и грациозност – се наведуваат зборовите на авторката во објавата на Инстаграм, со информација дека портретот на принцезата ќе ја краси насловната страница на списанието во јулскиот број 2024 година.
Претходно, нејзиниот свекор, кралот Чарлс Трети, го покажа својот нов портрет, кој исто така не и се допадна на поголемиот дел од британската јавност. Така што не е изненадување што се погласни и погласни што нешто чудно се случува со членовите на кралското семејство, во секоја смисла.
Кејт Мидлтон нема да се врати на кралските должности во јуни, како што беше претходно наведено. Кејт Мидлтон не планира извесно време да се врати во јавноста и да се занимава со ангажмани, пишуваат странските медиуми. Прочитајте повеќе за тоа во посебна вест.
фото:Instagram printscreen/ _kate_middleton_royal