Музичката ѕвезда, Светлана Цеца Ражнатовиќ, синоќа, на 16 октомври, одржа спектакл пред повеќе од 6.000 луѓе во спортската сала во Краљево и организираше забава за паметење.
Спортската сала беше преполна до последното место, па и луѓе од други српски градови дојдоа да ја слушаат Цеца.

Како и обично, Цеца направи забава за паметење, а бидејќи е познато дека не е љубител на високи потпетици, во еден момент ги соблече на сцената.

А кога се ослободи од својот најголем „товар“, Цеца почна да скока на сцената и заедно со големиот хит создаде целосен „хаос“.

Со песната „Пази с киме спаваш“, Цеца скокаше на сцената, а во публиката веднаш настана „лом“.

Познато е дека Ражнатовиќ има многу страсни и лојални обожаватели, кои ја изненадуваат на секој концерт.

Овој пат, таа доби големо српско знаме како подарок со нејзиниот лик и натпис „Српска мајка“.

Foto: print Screen/Instаgram







