Водителката на телевизијата „Блиц“ Сузана Манчиќ проговори за својот сопруг Симеон Окомокос.
– Бев среќна во љубовта, имав убави љубови во текот на сите овие години и имам убави спомени, а сега имам прекрасен сопруг! – рече Сузана на почетокот.
-Знае дека сите овде го викаат Симица, тоа некако ми е деминутив… Тој е сериозен човек кој има сериозна возраст, интелигенција, кариера и интегритет во Грција и овде. Мислам дека не заслужува да се вика Симица, но ајде – додаде таа.
– Љубовта на далечина може да функционира, особено во овие години кога страстите малку се смириле, кога сме стекнале доверба еден во друг. Често се гледаме, секогаш сме заедно, на секои десет дена сигурно се гледаме, но тоа треба да има смисла – изјави Сузана.
– Секогаш одиме на убави патувања. Сега ми вети дека ќе ме однесе во Амстердам на роденден, уште не сум била – завршила за „Гранд“ Сузана која следниот месец ќе наполни 68 години.
фото: printscreen/instaram/suzanamancicofficial