Радио Милева се грижи за себе

Сузана Јовановиќ проговори за здравствената состојба: „Во процес сум на лечење“

Сузана Јовановиќ проговори за здравствената состојба: „Во процес сум на лечење“

На прв поглед се чини дека здравствената состојба на Сузана Јовановиќ никогаш не била подобра.

Фолкерката, сопругата на креативниот директор Саша Поповиќ, секоја година изгледа се поубаво.

Коментарите се дека пејачката и мајка на двајца наследници старее како вино.

Пред извесно време направи корекции на лицето, а изгледа се грижеше и за исхраната, па сега може да им парира на многу помладите колешки.

Вишокот килограми, кој претходно ја мачеше, се покажа дека е последица на здравствени проблеми.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Suzana Jovanović (@suzanapopovic69)

Здравствената состојба на Сузана Јовановиќ била нарушена поради стрес.

Зголемената функција на тироидната жлезда наводно уследила по разводот од нејзиниот прв сопруг Раде Здравковиќ, со кој синот Данијел ја прекинал секаква комуникација, додека нејзините тогашни деловни ангажмани дополнително ја оштетиле.

– Се што ми се случуваше во животот, од шоу-бизнисот, преку мојата работа и проблеми, сето тоа го издржав со насмевка на лицето, а всушност сето тоа го преживеав во мене, што подоцна ја зафати и мојата тироидна жлезда, со која имам проблем, но успешно го лекувам и одржувам со лекови – изјави тогаш Сузана.

Таа за првпат тогаш ги нарече работите со нивното вистинско име – проблеми и јавно зборуваше за нив. Да не се случеше тоа, многумина ќе веруваа дека сопругата на Сале нема ниту една болка и дека живее во благосостојба.

фото:intagram printscreen/ suzanapopovic69

To top