Кога си позната личност, првата слика за се’ она што ти се случува, се социјалните мрежи. Кај фолк пејачката Сузана Гавазова навидум секогаш „цветаат ружи“…
Ред песна, танц, насмевки, готвење, арно ама не секогаш е така ведро и позитвно, дури и за Сузе која овој пат изненади со објавата дека нешто не и штима, па реши енергетски да се прочисти, односно да направи „чистка од својот двор“- оној виртуелниот.
Во објавата иако вели дека никому не должи објаснување зошто и како некој заслужил да биде блокиран од нејзина страна, но сепак потребата да потенцира беше посилна, па вели:
-Си го чистам дворот од негативни енергии. Ако си блокиран/а- тоа значи дека не остави ништо позитивно во мојот живот. Нема место за злоба, пасивна агресија, завист или драма. Сакам мир, поддршка и здрави релации. Не должам објаснувања, но еве ти едно- сакам живот со чист воздух и чиста совест. Благодарам и среќно!- стои во оваа остра и директна порака од Гавазова.
Сосема јасно која е максимата по која ја води својата животна пракса, а кога некој не се вклопува или едноставно штрчи од нејзинте лични правила, тогаш простор и време за отстапки нема, а во модерно технолошко време, прво решение е „блок“.
фото:Instagram printscreen/suzanagavazova