Радио Милева Танцот на ѕвездата

Сузана Гавазова ја погоди песната, па покажа како се танцува: Како некогаш на времето во диско во Струмица, со секси имиџ и заводливи еротски движења кои ќе ве остават со „падната вилица“ (ВИДЕО)

Сузана Гавазова ја погоди песната, па покажа како се танцува: Како некогаш на времето во диско во Струмица, со секси имиџ и заводливи еротски движења кои ќе ве остават со „падната вилица“ (ВИДЕО)

За Сузана Гавазова важи дека е една од најблескавите ѕвезди на домашната естрадна фолк  сцена.  Барем за оние која ја обожуваат народната музика, нејзините песни и вокал и секако, нејзината појава. Глас, стас, стројна, бујна, едноставно неодолива… и тоа за многумина!

Атрактивната струмичанка покрај тоа што научила како суверено да ја владее сцената, научила и како обилно и полезно да ги користи и социјалните мрежи! Речиси и да нема ден да не сподели некоја најава, објава, заводливо видео или секси фотографии на кои доминираат нејзините телесни атрибути.

Така и овој пат, Гавазова на видеото што го споделила како по обичај разиграна, како вистинстинска мераклика на танцување…

Имено, струмичката фолкерка си пуштила еден стар диско хит, кој ја потсетил на младоста… На, како што самата вели: “Едни други времиња кога дискотеките беа место за уживање, играње и пеење“.

А, расната фолкерка променета во црн проѕирен комбенизон, кој многу тоа открива, ама сепак ништо не покажува, танцува ли танцува…

Сузана Гавазова ја погоди песната, па покажа како се „денса“…

Како некогаш на времето во диско во Струмица, со секси имиџ и заводливи движења за еротска возбуда… Танц на фолк ѕвездата кој ве остава со „падната вилица“!

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Suzana Gavazova (@suzanagavazova)

Фото: Инстаграм/suzanagavazova

To top