Во најновото издание на интер ток шоуто „Ништо лично“ кај Антонио Димитриевски како поткаст гостинка „душата ја отвори“ македонската фолк ѕвезда, пејачката Стојне Николова.
Атрактивниот, заводлив изглед и неодоливиот сексапил особено огледани во провокативните фотосесии и возбудливите видеоспотови, ќе направат песните како „Око мое“, „Камионџија“, „Новата јас“, „Лоша“… да станат хитови, а таа една од најпосакуваните и најбарани естрадни фолк ѕвезди во Македонија, но и во дијаспората.

Емотивните балади пак, како „На две страни“ или последната „Душа скршена“ како да ја откриваат и нејзината друга страна на личноста, нежната, ранлива душа и срцето кое бие во ритамот на потрага по љубовта – онаа вистинската, чиста искрена, неизвалкана, како неизмерна потреба на една млада девојка со скопска адреса на живеење, дојдена од внатрешноста за да успее.

Пејачката отворено зборуваше за музичкиот ген и талентот, семејството и моментите на неизмерна радост и длабока тага по ненадејната смрт на нејзината главна потпора, нејзиниот татко, за трнливиот естраден пат од Струмица до Скопје, за фестивалите и наградите, песните, фотосесиите и спотовите…

Но и за естрадните афери и кулоарските муабети и опашки кои се влечат зад познатите личности, за љубовта и љубомората, за вистинското пријателство и злобата на естрадата, за односот и релациите со колегите и колешките…

Се допреа допреа и темите поврзани со приватноста и интимата на пејачката, длабоко скриени во нејзината личност и душа исполнета со љубов, среќа и радости, но и душа на моменти скршена, која потајно ја чува подалеку од јавноста.

Природно убава, згодна, атрактивна и мошне сексапилна фолк пејачка, веднаш станува забележана, особено на своите настапи каде нејзината песна се слуша нсо уши, ама нејзиниот физикус и стас „се пијат со очи“.

На прашањето дали имала некоја непријатност и како се справува со нападни или пијани гости, Стојне рече дека има секaкви моменти, но дека таа немала некоја такава катастрофално непријатна ситуација. Додворувачи имало, но сепак знае као да постави сопствен гард кон нив.

На прашањето дали можеби некој од гостите нејзе и се случило да и се допадне или да успее да ја шармира, пејачката низ срамежлива насмевка одговори дека и тоа се случувало.
„Имало, се разбира, ако кажам дека немало, ќе излажам. Но, не разменувам потоа телефони, а и мене другарките ми ги ‘саботираат’ таквите ситуации. Додека јас пејам, таа му врли: Не, ти не си за неа. Зашто така му зборуваш, ја прашувам потоа, од каде знаеш дали и тој мене не ми се допаѓа?“

Во продолжение погледнете го целото издание на гостувањето на Стојне Николова во поткастот „Ништо лично“, а споменатата приказна се наоѓа на 34:00 минута.






