Радио Милева ново издание

Стоја позираше во бело мини здолниште, а потоа ги „запали“ мрежите со коментарот: „Подобро да си богат отколку сиромав“ (фото)

Стоја позираше во бело мини здолниште, а потоа ги „запали“ мрежите со коментарот: „Подобро да си богат отколку сиромав“ (фото)

Пејачката Стојанка Новаковиќ Стоја објави фотографија на која може да се види колку ослабе и се ослободи од вишокот килограми и ја покажа својата нова фигура.

Стоја е многу барана на настапите, бидејќи со песните и енергијата ја доведува атмосферата до лудило, иако во последните неколку години не се појавува толку во медиумите.

Сепак, таа е многу активна на своите социјални мрежи, а сега со следбениците сподели фотографија од својата физичка промена која ги воодушеви сите.

Пејачката пред огледалото позираше во краток бел фустан, чизми до колена, а нозете и беа во преден план, додека долгата црна коса придонесе за по провокативен изглед.

– Подобро да си богат отколку сиромав – напишала пејачката на шега под објавата.

А секако, бројни позитивни коментари од корисниците имаше и за нејзиното ново издание со кое ги „запали“ мрежите.

фото: printskrin/instagram/stoja_institucija

To top