Пејачката Стојанка Новаковиќ Стоја е активна на социјалната мрежа Х, каде што нејзините изјави често имаат многу допаѓања и се споделуваат.
Во таа насока, Новаковиќ сега на споменатата платформа посочи што не треба да ја прашуваат обожавателите на нејзината музика бидејќи таа за разлика од другите музичари не одговара позитивно на ваквите барања.
– И уште еднаш: Не пеам за џабе, не пеам „пар песни“, не снимам видео честитки, не се поздравувам со чичковци, тетки и баби, не доаѓам „како гостин“ на прослави, не ја подарувам гардеробата, не одговарам на интернет-просење! Благодарам за вашето време! Сакајте ја вашата институција Стоја! – напиша Стоја на споменатата мрежа.
Да потсетиме, ова не е првпат Стоја да проговори на оваа тема, со тоа што порано можела брутално да ги испровоцира колегите.
– Не правам видео честитки! Не пеам две-три песни за забава! Не пеам суво во камерата на телефонот! Не одам на ТВ емисии да зборувам глупости! Не се нишам во хорот за новогодишни програми – напиша тогаш Новаковича, а на крајот ги охрабри сите што пеат по трговските центри:
– Сакам да пеам и во трговски центри – иронично изјави Стоја Новаковиќ.
фото: printskrin/instagram/stoja_institucija