Неодамна беше посебен ден за македонскиот пејач Никола Станишиќ, кој се прослави по победата во популарното шоу „Ѕвездите на Гранд“. Талентот од Македонија, кој веќе се истакна како ѕвездa на балканската музичка сцена, доби поддршка за неговиот роденден од сите обожаватели но и од својата менторка Цеца Ражнатовиќ.

Меѓу првите што му го честиташе роденденот беше токму Цеца, која го водеше Никола низ интензивните предизвици на шоуто.Таа сподели нивна заедничка фотографија од сцената во топла порака полна со емоции и гордост, со што веднаш предизвика бура од реакции меѓу фановите.

Со овој гест, Цеца покажа дека е негова пријателка. Инаку, познато е дека таа останува во контакт со своите кандидати и по завршувањето на шоуто.
Тој сега сподели дел од роденденската атмосфера и ја покажа тортата која ја држи во раце, па напиша:
– Еве стигна и 26ка… Ви благодарам навистина од срце за сите искрени честитки, инбоксот ми е преполн ги видов сите ваши пораки, да сте ми живи и здрави ве сакам
Инаку, Никола Станишиќ го освои првото место во последната сезона на „Ѕвездите на Гранд“. Пред да влезе во шоуто, Никола живеел скромен живот во Скопје, соработувајќи со локални бендови и сонувајќи за големата сцена. Неговата популарност расте и од социјалните мрежи каде има десетици илјади следбеници. Фановите го обожуваат, а овој роденденски момент само ја зајакнува врската меѓу Никола и публиката, покажувајќи дека успехот во музиката е комбинација од талент, работа и вистински пријателства.
Foto: print screen/Facebook/Nikola Stanišić






