Покрај тоа што се врати на голема врата во светот на манекенството откако претрпе страшни критики за нејзиниот изглед, потоа го кажа и судбоносното „да“ на Андре Лемерс, со кој пред две години доби син.
Парот покажа и како го слави Божиќ и позираше за мрежите во нивната „целосна постава“, односно освен синот Сајен и ќерките Валентина и Сијена, кои ги имаше со поранешниот сопруг Марко Јариќ, децата на Лемерс од претходната врска беа и со нив.
Среќното семејство очигледно одлично се забавувало, а и утрото насмеано позирале покрај Дедо Мраз.
Но, еднаш одамна, нејзината божиќна прослава изгледаше малку поинаку. Во времето кога таа беше тазе во брак со Јариќ, се разбираше дека и католичкиот и православниот Божиќ не можат да поминат без екс ЈУ хитови.
Dobro jutro samo Adriani Limi koja slusa Brenu 🙌🏻🙌🏻🙌🏻 pic.twitter.com/mRfkJAWdY3
— Sorella (@punoljetan) December 25, 2020
Една од старите снимки на Лима повторно почнаа да кружат по мрежите. Манекенката покажувала како го украсувала својот дом за празниците, додека во позадина свирела познатата песна на Лепа Брена „Југословенка“.
фото: printscreen/Х/instgaram