Братот на Дарко Лазиќ загина вчера во сообраќајна несреќа, а пријателите се собираат пред семејната куќа во Брестач за да изразат сочувство до неутешната мајка Бранка Лазиќ, како и до остатокот од семејството, кои се завиткани во црно.
Пријателите и семејството цело време ја тешат Бранка Лазиќ, додека таа плаче за изгубениот син Драган Лазиќ.
Катарина, сопругата на Дарко, не се одвојува од својата свекрва, која вчера побара да го види телото на својот син за последен пат.

Семејството и пријателите се подготвуваат да се збогуваат од Драган , а тагата и неверицата се уште се присутни меѓу најблиските. За семејството Лазиќ, ова се моменти кои тешко се опишуваат со зборови, бидејќи сите се збогуваат со својот сакан син, брат и сопруг, кој ќе биде погребан во петок, 13 март.
Дарко утрово го напушти семејниот дом за да оди на обдукција на телото на својот брат. Само неколку часа пред да замине, Дарко им раскажа на медиумите како изгледале нивните последни заеднички моменти.
– Вчера беше многу убав ден! Се смеевме, брат ми ме бакнуваше без престан. Ми рече брат, ми се допаѓа што се дружиме вака. Застанавме и кај манастирот. Не ја симна насмевката од лицето. Јас прв си заминав, а тој и неговите пријатели, нашите пријатели, си заминаа подоцна. Видов дека ги нема таму, тоа ми беше чудно. Пријателот ми се јави и едвај ми кажа што се случило… Не можам, верувајте ми, срцето ќе ми пукне – изјави Дарко за Курир.рс
фото:Instagram printscreen/lazic.n.n







