За љубовниот живот на Џејла Рамовиќ често јавно се коментира, а во последниот период се појавија шпекулации дека пејачката е во врска со извесна кик-боксерка Ана П. од Нови Сад.
Српските медиуми не ја оставаат раат Џејла во поглед на нејзината сексуалност, особено откако по победата во „Ѕвздите на гранд“ ја поврзуваа со Марија Шерифовиќ.
Сега, наводно е заедно со кик-боксерката и тие две наводно долго време интензивно се забавувале, а сега заминале на патување.
Џејла наводно го посетила Истанбул со споменатата девојка, а иако не објавиле заеднички фотографии од патувањето, еден детаљ наводно ги открил.
Имено, тие крстареа по Босфорот, од каде и двете објавија стори на Инстаграм. И додека Ана позирала во машко друштво, Џајла само ја фотографирала панорамата на Истанбул и галебите кои го опкружиле бродот на кој се наоѓале.
Џејла е свесна за тоа колку јавноста и медиумите се интересираат на нејзиниот љубовен живот, а таа мудро си молчи и се’ остава само на претпоставки.
фото:Instagram printscreen/dzejlaramovic