Харизматичниот шармер, српскиот пејач Слоба Ѓурковиќ ексклузивно за Гранд откри како извршил грабеж на аеродромот во Цирих, а за се е виновна неговата страст.
„Сакам парфеми. Можеби некој ќе ме осуди, можеби не, но навистина не ми е гајле. Имав убава ситуација кога гостував во Швајцарија, во периодот пред седум-осум години кога се појави „Милионот“ на Пако Рабан. Во тој период припадниците на ромската националност одеа по бензинските пумпи и ги продаваа оние ‘шеќерни водички’, но пакувањето беше оригинално. Или барем така уверливо изгледаше! Купувам јас од нив од споменатиот парфем и во фруи-шопот на аеродромот во Цирих само го сменив. Ставив шеќерна српска водичка, а го зедов оригиналот, го ставив во чантата и си заминав“ – изјави Слоба.
Пејачот признал и дека се плашел поради кражбата што ја извршил.
„Во авионот се плашев дека каков што сум малер, ќе речат: „Застани, Слобо слези и врати го парфемот“ – нагласи Слоба. Кога конечно стигнал дома со парфемот, му олеснило, но не и придавал многу значење на оваа неочекувана случка.
Фото: Гранд онлајн – принтскрин