Старлетата Тамара Ѓуриќ отсекогаш важела за некој што е поддржувач на пластичната хирургија, а како што вели таа има направено дури 100 на себе.
Најновото е зголемување на задникот, кое го направи по втор пат, откако едвај извлече жива поради компликации од претходната процедура.
Меѓутоа, таа сега ја направила оваа операција со методот на донирање маснотии, пренесуваат локалните медиуми.
Резултатите ги сподели на својот Инстаграм профил, заедно со разголена фотографија, која предизвика поделени мислења меѓу нејзините следбеници.
– На Тамара и пречеа коментарите дека е преслаба, па реши да го зголеми задникот со донирање сало. Таа отишла кај еден од најдобрите хирурзи, што ја чинело цело богатство, се со цел да и го направи грбот уште подобар, но да и биде тесен струкот и тенки раце. Таа не зажали за парите, а е презадоволна од резултатите, што може да се види од видеата и фотографиите кои секојдневно ги споделува на социјалните мрежи. Сите се согласуваат дека сега изгледа уште подобро и дека со причина многумина ја сметаат за најатрактивната жена на јавната сцена – вели добро упатен извор за „Информер“.рс
фото: printscreen/instgaram