Ема Лапин, која стана позната по учеството во реалното шоу „Парови“, беше осудена на долгогодишна затворска казна пред Вишиот суд во Белград, откако во нејзиниот стан беше откриена голема количина наркотици, пишува Ало.рс
Во станот на Лапинова, каде што живеела, но не била регистрирана, биле пронајдени околу шест килограми марихуана спакувана во 23 пакувања и една кеса, како и електронска вага со траги од марихуана.

Она што особено го привлече вниманието на јавноста беа деталите од апсењето.
На почетокот, Ема била уапсена само во долна облека во нејзиниот стан, но полицајците ѝ дозволиле да се облече и да ги земе личните работи со себе.

Кога ја довеле во притвор, таа била многу бучна и не сакалада влезе во ќелијата, а особено изненадувачки е фактот што најмногу ја интересирало дали нејзина убава фотографија ќе се појави во весниците.
фото:Instagram printscreen/ ema_lapin







