Радио Милева посебна...

„Среќен роденден моја најголема радост“: Весна Бејби Петрушевска му испрати роденденска честитка на своето “трето дете“, девојката која и го спаси животот на нејзината ќерка Мина во Дубаи

„Среќен роденден моја најголема радост“: Весна Бејби Петрушевска му испрати роденденска честитка на своето “трето дете“, девојката која и го спаси животот на нејзината ќерка Мина во Дубаи

Актерката Весна Петрушевска или популарната Бејби која речиси секојдневно на своите профили на социјалните мрежи споделува детали од професионалниот живот и приватноста, овој пат на своите Инстаграм приказни се огласи со роденденска честитка. И тоа не било кому, туку на една од најдрагите личности во нејзиниот живот.

На нејзиното “трето дете“ како што ја нарекува девојката која лани во Дубаи и го спаси животот на нејзината ќерка Мина, додека оваа беше таму на привремен престој.

Имено, актерката на своите Инстаграм приказни сподели емотивен пост во кој и го честита роденденот на Моника Милков, која живее и работи во Дубаи, каде повремено престојува и ќерката на Весна, Мина.

Оние кои не се запознаени, можеби ќе останат зачудени кое е тоа „трето дете“ на актерката, кога сите знаат дека Бејби своевремено со својот бивш сопруг Јанко Тренковски ги посвоија ќерката Мина и синот Кирил, кој по разводот на родителите, замина на студии кај својот татко во САД, а Мина остана да живее во Македонија со мајка и Весна.

Но, приказната за Моника, Бејби дури неодамна ја откри при гостувањето во неколку поткасти, откако на нејзината Мина за време на престојот во Дубаи и се слоши и влоши здравствената состојба, а токму нејзинота „постара сестра“ како што ја нарекува и го спасила животот.

„На мојата најголема љубов Мина и се случи она што на ниту еден родител не посакувам, а тоа е да не знаете дали ќе се разбуди од кома или не. Моника /@monikamilkov /е повеќе од моја ќерка и сестра на Мина и ја спаси“ – беше само дел од постот кој Весна Бејби го сподели кон крајот на ланската  година, испраќајќи ја 2024-тата како една од најтешките за неа во неповрат.

За тоа која е Моника и зошто Весна Бејби Петрушевска ја третира како „свое „трето дете“ потсетете се во нејзиното кажување при неодамнешното гостување во интер ток шоуто „Ништо лично“ кај Антонио Димитриевски (одете на 32 мин. и 40 секунди на видеото).

Фото: Инстаграм/monikamilkov/vesnapetrushevska

 

To top