Новинарот Зоран Василевски, попознат како Зоки Фаци замина во Истамбул, Турција каде го чека операција од рак.
Таму, далеку од дома и пријателите, вчера го славеше и неговиот роденден.
Зоки на кратката приказна на социјалата мрежа Инстагарам каде што е активен објави дека слави:
„Нека ми е среќен првиот роденден во еден нов почеток. Во животот навлегов со крената глава, по патот сретнав многу луѓе, но човечност им недостасуваше.
Овој роденден ви го посветувам на сите вам, илјадници километри далеку од мојот дом, но со полно срце љубов од сите вас“.
Понатаму во видео објавата додека ја дува свеќичката на парче торта додаде дека за него ова е прв роденден со нов почеток :
– Среќен ми 1 – ви роденден!
View this post on Instagram
Водител Зоки Фаци води битка со туморот неколку месеци. Тој во оваа прилика му се заблагодари на македонскиот народ кој му помогна да замине во Турција на операција.
View this post on Instagram
фото: printscreen/instagram/zokifaci