Радио Милева мистична роденденска бајка

Среде соба со поглед во огледало и грст украсни кеси со скапи подораци: Ако не сама себе си, тогаш која Кристина и го честиташе роденденот на Кристина Димитри? (ВИДЕО)

Среде соба со поглед во огледало и грст украсни кеси со скапи подораци: Ако не сама себе си, тогаш која Кристина и го честиташе роденденот на Кристина Димитри? (ВИДЕО)

Еден од првите три дена во јули е нејзин ден… Оној што го чекаме цела година, зашто на овој ден Кристина Димитри слави роденден. Македонската екс мисица, манекенка, модел и пејачка радоста јавно ја споделила и на социјалните мрежи.

Оддамна сме рекле дека на дамите не им се бројат годините, а на неа пак  посебно – никако! Не само заради кулутура, туку и од страв! Зашто ваквите како неа ем не стареат, ем може да ви се случи  да „паднете на  слабост“,  па „да загризете“ од нејзиното „отровно јаболко“ и да завршите како Снежана во приказната. Само што вас, после неа, не  ќе има некоја „друга принцеза“ да дојде да ве бакне и разбуди!

Да ги оставиме шегата и приказните за деца настрана, зашто овие за возрасни се некако многу поинтересни и позагадочни, како оваа со роденденската честитка на Кристина.

Имено, кому му е познато, кому не, ама однеодамна Кристина Димитри има и нов Инстаграм профил… Или поточно уште еден, дополнителен, малку поинаку насловен… Кристина принцеза /kristinina_princeza/.

И тоа откако сексапилната убавица дефинитивно реши да сврти нова страница по раскинувањето со последната „сериозна љубов“, откако меѓу цврстата љубовна врска и естрадата, сепак реши да тера кариера!

А токму Кристина од новиот профил и го честиташе роденденот на Кристина Димитри на стариот,  па направи комплетна збрка на Инстаграм.

Седната среде  собата од апртманот во непознат град, дали Скопје или Белград(?), со селфи пред  големот огледало, опкружена со грст украсни кеси псо подароци, роденденката Димитри сите ги зачуди, или се обиде да ги надитри со постот покрај фотографијата:

„Среќен роденден убава моја“  – и порачоува „принцезата“ на славеничката, а оваа и возвраќа: „Те сакам“!

Оттаму грстот прашалници, ако не сама себе си, тогаш која Кристина и го честиташе роденденот на Кристина Димитри?  Јавноста во дилема, дали е истата таа или некоја друга жена? Или можеби дури и нов љубовник би бил, кој таа го крие зад нејзиниот втор профил?

Кој(а) и да е едно е сигурно: Не е вештерка! Доказот се крие во дискретната проверка. Вештерките немаат одраз во огледало… А и ликот што на ноќната глетка од прозорецот се одразува, јасно покажува дека роденденката со она за вештерката,  само се шегува.

Затоа немојте погрешно да го вперувате прстот… Впрочем, вештерките бегаат од крстот! Затоа, која и да е – таа е… И нека и се множат годините!

Фото: Инстаграм/kristinina_princeza/kristina.dimitry

 

 

To top