Радио Милева искористи прилика

Среде снимање на „Ѕвездите на Гранд“: Мили ја зграпчи Цеца за задникот и не сакаше да ја пушти, па реагираше и режисерот

Среде снимање на „Ѕвездите на Гранд“: Мили ја зграпчи Цеца за задникот и не сакаше да ја пушти, па реагираше и режисерот

Цеца Ражнатовиќ и Александар Милиќ Мили се заедно во жирито на региоалното музичко натпреварување „Ѕвездите на Гранд“, а на едно од последните снимања беа фатени кога најмалку тоа го очекуваа.

Имено, Цеца се приближила до местото каде што седи Мили и седнала на масата пред него, а тој ја искористил можноста за да ја зграби за задникот и не сакал да ја пушти. Цеца неколку пати се обидела да стане, но попусто, а потоа режисерот на „Гранд“ Горан Шљивиќ интервенирал за Мили да ги тргна рацете од пејачката.

Светлана Цеца Ражнатовиќ во една пригода откри дека се суди со нејзиниот поранешен колега Александар Милиќ Мили, со кого моментално е членка на жирито во „Ѕвездите на Гранд“. Потоа Цеца истакна дека и покрај тоа што се на суд, таа и Мили умеат да разговараат како цивилизирани луѓе.

Фото: RTV Pink printscreen

To top