мериканската апликација за запознавање Bumble објави листа на најпопуларни фетиши во 2024 година, а во истражувањето учествувале повеќе од четири илјади парови.
Експертите открија дека некои работи, како што се фетишите за стапалата, латексот или играњето улоги во спалната соба, веќе не се толку популарни, иако долги години беа на врвот на листата.
Третиот најпопуларен фетиш изненади многумина
Оваа година прв приоритет е продолжување на интимните врски и после оргазам. Анкетираните парови го ставија сексот на балкон на второто место на листата, а третото место изненади многумина. Паровите открија дека уживаат во сексот додека играат видео игри.
На четврто место Американците изјавиле дека уживаат кога партнерот ги буди со орално задоволство. Многу парови уживаат да тренираат голи, па овој фетиш е на петтото место на листата.
Генерацијата Z сака нежност
Резултатите од истражувањето покажаа и разлика во сексуалните преференции помеѓу генерацијата Z, милениумци и генерација X.
Се чини, според истражувањата, членовите на генерацијата Z (родени меѓу 1997 и 2012 година) имаат понежен пристап кон сексот.
Кога ги прашале за нивните омилени сексуални активности, тие на прво место го ставале гушкањето, а биле посрамежливи кога се во прашање секс играчките.
Дури 57 проценти од генерацијата Z открија дека не се многу заинтересирани за такви опции, додека мнозинството милениумци (луѓе родени помеѓу 1980 и 1996 година) и членовите на генерацијата X (родени меѓу 1965 и 1979 година), т.е. 54 проценти од нив рекле дека често користат секс играчки во спалната соба.
извор:kurir.mk
фото:freepik