Радио Милева ехх, кога ли беше...

Спасен Силјаноски пред 22 години: Атлетски граден и со долга коса – ваков нема шанса да го познаете

Спасен Силјаноски пред 22 години: Атлетски граден и со долга коса – ваков нема шанса да го познаете

Неодамна, поточно во месец јануари, како зимско родено дете, познатиот фолк пејач од Кичево, Спасен Силјаноски го прослави својот 42 роденден.

Овој пат Спасен ја разбранува јавноста, но  не со нова песна или шоу, туку со фотографија од рана младост која буквално ги запали социјалните мрежи со коментари за истата.

-Пред точно 22 години, во Албена – Бугарија. Случајно ја најдов па да ја споделам со вас, пишува Спасен.

Атлетски граден со дефинирани мускули, згоден млад дечко на 20 години, тодаш тргнат во летна авантура на море.

Силјаноски покажа и дека во младоста бил  и  симбол на машка физичка подготвеност.

-„Колку Бугарки паднале на на ова тело?“, „Што ли прави оваа вештачка интелигенција“, „ Се ожени и се здебели“, пишува трет и така со ред.

Едни се чудеа и останаа во неверување дека ова навистина е пејачот Спасен, а други ова веднаш го препишаа како масло на вештачката интелигенција.

Вака или онака,  Спасен повторно успеа да го привлече вниманието, згоден како Тарзан или само како пејачот и водителот Спасен Силјаноски.

фото:Facebook/Spasen Siljanoski Vtor Profil.

To top