Радио Милева (не)битен фактор

Спасе Рола со „сочна“ порака до нашите познати личности: „Вие умислените јавни фаци што сте уфилмани дека сте битен фактор, престанете да пр*ите“

Спасе Рола со „сочна“ порака до нашите познати личности: „Вие умислените јавни фаци што сте уфилмани дека сте битен фактор, престанете да пр*ите“

Откако не така оддамна презентерот на временската прогноза на ТВ Сител, Спасе „Рола до бола“ Јовановски  ги „растури“ оние што кај нас се занимаваат со професиите од новото време како, јутјубери, инфлуенсери, тиктокери, поткастери… И самиот се фати за професија од новото време! До душа дополнителна, ама таа е – поткаст! И самиот не издржа, па им подлегна на модерните влијанијаод само нему познати причини.

Едни велат – бил приморан, оти  „големиот газда на комбинатот“  така наредил, други мислат дека е заради екстра заработка, па макар била и ситна, додека трети „сечат  глава“ дека ова го направил само за што поголема популарност и слава! Што и да е, нека е, а впрочем и зошто да не? И сам велеше дека може секој, а тој не е било кој.

Од друга страна Спасе Рола не престана да ги  „поткачува“ познатите и популарните, па така неодамна со еден пример кој го сподели на својот Фејсбук профил, се обиде да им прати јасна порака дека популарноста овде не (им) вреди ни еден промил!

Имено, по убедливата победа на Доналд Трамп во претседателската трка во Америка, Спасе-Рола го зема за пример влијанието на светски познатите, за да докаже колку популарноста на социјалните мрежи е во суштина лажна и неважна.

„Замисли на СВЕТСКО ниво колку се станати небитен фактор јавните личности!

Една БИЈОНСЕ со светска кариера и 314м следачи на инстаграм, еден крал на рапот Еминем со цела гарда фанови, со 50м следачи на инста. РИЈАНА, Обамови, Лејди Гага, Џенифер Анистон, Леонардо Ди Каприо, Тејлор Свифт, Били Ајлиш… Све А класа која кога ќе собереш ги следат МИЛИЈАРДИ на социјални медиуми.

И со таква АГРЕСИВНА кампања не успеаа да и ја донесат победата на Камила Харис на претседателските избори. Огромен пораз!
Така да вие УМИСЛЕНИТЕ јавни фаци, овде меѓу 300.000 народ што сте уфилмани дека сте некој битен фактор ве молам, да престанете да прдите! Фала“ – „сочно“ им порача Рола!

Па кој  ќе се најде „погоден“, веројатно се препознал во констатацијата на презентерот. Ако истата воопшто „држи вода“.  А и да држи и кај нас не е ништо поразлично… На избори ќе си победи тој што треба да си победи. Зашто во политиката многу повеќе одлучуваат сосема други фактори, отколку поддршката на јавните личности!

Фото: Фејсбук и Инстаграм/Rolla Do Bolla

To top