Денес, 1. Април, па што и да тргнало наопаку, веројатно нема да биде посилно за да не изнуди барем една насмевка кога би ги виделе првоаприлските маски на најмалите.
Тие со возбуда и еурофија го очекуваа Денот на шегата, кој сега за нив кулминира уште од рано наутро.
Костимите веќе подготвени уште од ноќта, или многу, многу порано, па кога мама или тато ќе кажат „ајде, време е“ за градинка или училиште, спремањето и тргнувањето веројатно и никогаш не одело полесно.
А изборот на тоа што сакаат да бидат, препуштен на фантазијата и омилените ликови од цртаните.

Спајдермен, Каспер, Снежана, Елса, Црвенкапа… сите во оригинално издание, автентично и преслатко, па макар и кога е од оние „најстрашните“.
А откако се’ околу маската ќе се среди и стокми тип- топ, тогаш се знае, време е за фотка за спомен и објава на социјалните мрежи.
Познатите македонски мамички не ја заобиколуваат оваа посебна првоаприлска традиција, па на своите профили направија своето убаво за очи и за душа, да го пренесат и на оние кои можеби не се во слично расположение зашто децата им пораснале, па и не така лесно наседнуваат на „бели“ лаги… ама кога ќе ги видат…

Снежана на министерот Борко Ристовски и сопругата Нина, потоа и Црвенкапа, ќеркичката на водителката Милена Антовска, па и малото жолто пиленце и кралот лав на Ирина Дишо и Павле Камилоски, супер хероите на Анастасија Богдановска, едноставно не може да се остане рамнодушен.



А се појави и духот Каспер заедно со неговата мала најсилна хероина, потомци на манекенката Катарина Ивановска.

Меѓу јунаците никако не отсуствуваше ниту Спајдермен кој ја исплаши ама и ја насмеа мама Антониа Гиговска кога се појави на врата.

И да, немојте да кажете дека ниту еден не Ве освои, зашто ќе ви порасне носот како на Пинокио!
фото:Instagram/ Facebook printscreen/ Freepik






