Радио Милева „си беше еднаш“

Сосема поинаква: Сања Савеска во војска- кој би рекол?!

Сосема поинаква: Сања Савеска во војска- кој би рекол?!

Иако повеќето најмногу ја знаат и препознаваат откако започна да го води кулинарското шоу „Брза кујна“, ТВ водителката Сања Савеска има телевизиско искуство многу порано и од други телевизиски ангажмани и работни позиции пред камера.

Медиумската работа, особено онаа теренската ја однела на многу места и ја ставила на разни позиции за кои денес со задоволство се сеќава.

Една таква е и снимањето на прилог со армијата каде за автентичноста на материјалот, Сања облече воена униформа, а пробала и доста од она кое подразбира редовна дневна подготовка и пракса на војниците.

-Стварно помисливте дека сум била во војска? Ви благодарам што мислите дека сум толку храбра. Но тоа беше само едно убаво снимање во рамките на мојата прва емисија „Топ форма“. Убави спомени и супер емисии, напиша Сања.

Искуството и спомените остануваат засекогаш, денес од едно, утре од друго место, а кога истите се издбојубаат како позитивно посебни, тогаш сигурно се вредни за потсетување.

За Сања некогаш тоа беше искуство со војската, денес во „Брза кујна“, а утре кој знае каде…

фото:instagram printscreen/sanja_saveska

 

To top