На 25 септември, пејачот Дарко Лазиќ и неговата сопруга Катарина Лазиќ доживеаја тешка сообраќајна несреќа.
Двајцата преживеаа со полесни повреди, а сега Каќа за првпат проговори по немилиот настан.
Имено, Катарина Лазиќ објави видео на Инстаграм профилот на својот бренд, заедно со кое напиша следново:

– Силата е во она што го преживеавме! По сè низ што поминавме, секој чекор кон закрепнување е потсетник за нашата сила. Секој предизвик само дополнително ја обликува нашата волја и храброст. Ти благодарам што си со мене – напиша таа, а коментарите продолжија:
Колку е убаво што те гледаме повторно“, „Едвај чекавме да се вратиш“, „Браво маче, искини“.
фото:Instagram printscreen/ katarinalazic_24







