Денеска се одржа комеморацијата за Саша Поповиќ. Меѓу многуте познати личности кои дојдоа беше и Лепа Брена, долгогодишна соработничка на Поповиќ и голема пријателка на семејството.
По автобиографскиот филм за починатиот и потресните говори на неговите најблиски, вдовицата Сузана Јовановиќ не можеше да ги задржи емоциите и цело време плачеше, а Брена на самиот крај и самата потона во солзи скршена од болка.
Таа и пријде на својата најдобра другарка која не можеше да се смири, па пејачките силно се прегрнаа во тага и солзи. Низ салата одекнуваше нивното липање, а во воздухот се чувствуваше тага и непребол.
Видео извор: Kurir.rs