Мисицата Јована Љубисављевиќ на 20 јули се омажи за бизнисменот Богдан Срејовиќ, со кој пред неа емотивна врска имаше балканската ѕвезда Светлана Цеца Ражнатовиќ.
Тие го кажаа судбоносното „да“ пред Бога, во манастирот Грачаница, а се се одвиваше надвор од очите на јавноста, само за најблиските членови на семејството и пријателите.
Два дена по емотивниот чин, новопечениот пар почна да споделува слики од тајната венчавка, а убавата невеста сподели видео на кое позира во венчаницата.
На многумина им падна во очи детаљот дека таа цело време го крие стомакот со раце, поради што дополнително ги подгреа сомнежите дека е во друга состојба, како што шпекулираат медиумите.
Венчаницата не е многу тесна, но малку и се гледа стомакот под белата тоалета.
Да потсетиме, според тамошните медиуми, се шпекулира дека Јована е во бремена.
– Пресреќни се, Јована влезе во третиот месец и до четврти месец не сака да го сподели со фановите, но тоа беше нивна желба, постојано повторуваше дека сака да си ја исполни улогата на мајка – извор блиски до парот наводно изјавиле за „Република“.
А во коментарите под објавата за венчавка, луѓето почнаа да пишуваат дека веќе се гледа стомакот и дека Јована изгледа како да е во благословена состојба.
Познатиот пар се уште не се огласил на оваа тема.