Радио Милева Без лаги, без измами!

„Со овие човеци до крај на свет“ – Сара Мејс јавно им се заблагодари на членовите од нејзиното семејство (фото)

„Со овие човеци до крај на свет“ – Сара Мејс  јавно им се заблагодари на членовите од нејзиното семејство (фото)

Како и сите ние и македонските јавни личности се радуваат поддеднакво и на зимата и на летото, па и оваа година споделуваат фотографии од убавата снежна идила од локацијата за која се одлучиле да ја посетат во Македонија, или во соседните земји.

Едни од нив беа и познатиот пар Димитар Атанасовски и Сара Мејс кои заедно со двете деца уживаа во зимскиот одмор.

Сара и Димитар овој пат се одлучија да заминат на прекрасниот Копаоник и таму да уживаат во зимските авантури.

И заедно под тушот и поединечно во топлите бањи,  спа и сауни.

Сара сега ги сумираше впечатоците од најубавите моменти кои ги доживеале па ги сподели и пред следбениците на социјалната мрежа Инстаграм каде што е редовно активна.

Таа во описот искористи само пофалби но и јавно им се заблагодари на членовите од нејзиното семејство:

„Со овие човеци до крај на свет, назад…и пак на зимовање. До душа, овој одмор беше малку ‘Илина и пријателите’, ама ако, за арно е. Како сенка си ја следевме. Она си бордаше, ние си ја бодревме, она на анимација, ние пак бодри ја, она на детски базени, ајде сите на детски базени. Ама па девојчето си наполни батерии, сега второ полугодие ја чека да грми, нема лабаво.“ „Шала на страна, презабавни луѓе се овие моиве. Браво бе Универзуме, дури и најмалово театарче лево ќоше ми го пушти да ми биде! Мноогу забава секаде со овие Атанасовци“.

Без лаги, без измами!

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sarah Mace (@sarahmace__)

Секако,  отткако Сара Мејс  покажа како си поминале и ги наполниле батериите на Копаоник, следбениците им оставија само позитивни коментари и многу срциња.

фото: printscreen/instagram

To top