Професорката Сара Пројковска, која пееше придружен вокал во групата „ДНК“ беше меѓу жртвите во пожарот во дискотеката „Пулс“ која се случи на 16 Март во Кочани.
Сара не успеа да избега од пламенот, а со неа на бината секогаш беше и нејзината колешка Ана Костадиновска со која бе нераздвојни.
Насмевката на Сара сега остана да живее само во спомените наа најблиските и колегите.
Од неа се простија голем број музичари со кои таа соработуваше , а со скршено срце Каролина Гочева се присети на еден емотивен момент кој заедно го доживеале пред точно една година.
– Пред точно една година, во Куманово со мои Ана и Сара … кога задоцнивме на бина зашто заглавивме во лифт – стоеше во описот на видеото кое го сподели пејачката на кратката приказна на социјалната мрежа Инстгарам.
Истото со тешко срце го сподели и Ана, а додаде и емотикон кој лее солзи.
Моментите кои исчезнаа за миг, ќе останат да се споделуваат како спомен длабоко врежан во колективната меморија на Македонците, ќе живеат во иднината и нема да бидат заборавени.
фото: print Screen/Instagram