Радио Милева „нејзиниот велики“

Со емоција на сцена песната подобро се пее: Цеца веќе никаде без Мики Секуловски (видео)

Со емоција на сцена песната подобро се пее: Цеца веќе никаде без Мики Секуловски (видео)

Додека „Гранд“ ѕвездата Мики Секуловски се натпреваруваше во популарното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“, неговата менторка Цеца му даде ветување дека доколку тој има желба, таа би сакала да биде гостин на еден нејзин концерт.

Помина време, шоуто заврши, а Мики стана миленик на Цеца,  очигледно дека неговата, а и нејзината желба да пеат заедно на сцена и да соработуваат не остана само на еднаш. Цеца веќе не поминува ниту еден концерт без вокално дополнување од Мики.

Мики Секуловски имаше предрасуди за Цеца, а денес е се’ поблизок со неа: „Сега е моја чест и задоволство“ (фото)

Велешанецот веќе како да стана дел од стандардната музичка постава на балканската фолк ѕвезда, а во нејзиот постојан музички концертен караван низ Балканот вклучен е и тој.

Мики неуморен за соработка со Цеца, патуваше со неа за концертот во Босна и Херцеговина, неодамна во Словенија, а последно и во Бугарија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by C E C A (@cecaraznatovic)

Песната подобро се пее и звучи кога е отпеана од срце и со многу емоција за што овој македонско-српски спој очигледно беспрекорно функционира.

Мики навлезе во едно сосема неочекувано музичко ниво за кое веројатно не ни насетуваше кога за првпат ја сретна Цеца Ражнатовиќ, а очигледно и разбирливо дека се’ повеќе му годи на нашиот привилегиран велешанец.

фото:Instagram printscreen/ cecaraznatovic/ miki sekulovski

To top