Концертот на пејачката Јелена Томашевиќ во Бар, викендов бил прекинат в откако уметницата одеднаш се струполи на сцената на Културниот центар.
По овој повод, нејзиниот ПР тим излезе со соопштение, а ние го пренесуваме соопштението во целост:

Ви благодариме на сите за вашата загриженост и бројните пораки за поддршка.
Во деновите пред концертот, Јелена имаше вирус и мала слабост. Сепак, водена од големо почитување кон публиката и желбата да се одржи договорениот настап, таа одлучи да се качи на сцената. За жал, поради нејзината здравствена состојба, не можеше да го заврши концертот.
Најважно е што Јелена сега се чувствува добро и со нетрпение го очекува следната средба со публиката.
Сакаме да им се заблагодариме на медицинскиот персонал на Службата за итна медицинска помош во Бар за нивната брза реакција, како и на сите што пружија помош и покажаа грижа, стои во соопштението објавено на Инстаграм.
фото:Instagram printscreen/jelenatomasevic_official






