Македонската екс мисица, сега пејачка Кристина Димитри наголемо се подготвува да се врати на сцената, откако истата ја стави малку во втор план заради љубовната авантура во која вплови, па по неполна година исплови, зашто кариерата не смее да трпи заради љубовта… Барем така смета Кристина, па се даде на средување на линијата зашто на сцената не само ја слушаат, туку многу повеќе и ја гледаат. Впрочем такви се времињата, особено кога се атрактивните и сексапилни пејачки во прашање, нивната музиката многу повеќе ја доживуваат „со очи“!
А за „влажните машки (и не само машки) погледи“ да се лепат како налепници кога си на сцена, фигурата мора да ја доведеш до совршенство… Да си ко ракета во вселена! До душа, не дека нејзината става не е манекенска, ама тоа не значи дека Кристина нема намера да се „изделка“ во совршена женска, за што според неа уште малку и недостасува. Затоа вишокот (ако воопшто го има) како секоја дама, „умислена дека е здебелена“, тргна да го топи во теретана.
Таму откри неколку нешта… Kако прво, не пред кој, туку каде се пресоблекува пред да влезе во теретана, додека патува од родното Тетово. Веројатно теретаната нема простор за своја гардероба, па Кристина пробала и и’ успева, да се пресоблекува во кола.
Како второ ги праша љубопитните дали сакаат да им го открие името на инструкторот, иако сме убедени дека вистинските машки многу повеќе посакаа да дознаат на кој паркинг или каде веќе пејачката се пресоблекува, пред да влезе во теретаната?
Дамите секако најмногу ги интересирало она третото – ефектот од вежбањето, па Димитри им откри дека за две недели „слизнала“ три килограми… И тоа добро распоредени!
Но, она што сите ги изненади, поединци дури и ги шокираше, а други пак сега поврзаа од каде и потекнува љубовта кон музиката, особено кон пеењето и најмногу кон пејачите, беше она што Кристина Димитри го споделила додека возела од дома на пат кон теретаната.
Додека таа вози, а песната свири на радио, пејачката пеејќи ја слуша, па пловејќи низ спомените отворила душа… За пред сите да признае, дека тој и бил и се’ уште е… „Нешто што ќе остане“! Стефан Филиповски, пејачот од братското музичко дуо – близнаци од „Некст Тајм“, без сомнение бил нејзината прва симпатија во 7-мо одделение!
Искрено и отворено, без многу заобиколување Кристина Димитри призна што било тоа „Нешто што ќе остане“, зашто првата симпатија како и првата љубов, велат… нема заборавање!
А, по „Х“-факторот, доаѓаат, “Y” , “Z”… и други фактори. Очекувани или фактори на изненадување. Ама затоа, фактот е еден: „Next time is… always оn my mind“?!
Фото и видео: Инстаграм/stefan_filipovski/kristina.dimitry