Радио Милева „online“ министер

Снеже Велков во фаза на формирање нова влада даде интересен предлог: Кој би бил министер за среќа кај нас, м? (видео)

Снеже Велков во фаза на формирање нова влада даде интересен предлог: Кој би бил министер за среќа кај нас, м? (видео)

Македонската позната ТВ водителка Снеже Велков е активна на Инстаграм и често воспоставува комуникација со нејзините следбеници.

Со нив знае да сподели некој совет да покаже нејзини лични примери и искувства но, овој пат објави нешто што им се виде интересно на сите па за кратко нејзината приказна на Инстаграм се исполни со приказни мотивирани од нејзиното прашање.

Се разбира, Снеже тоа не го измисли сама туку нејзиното барање  што кај нас го нема и некому дефинитивно му  недостига, некаде во светот веќе постои.

Па така таа мотивирана од она што го  дозна  ги активираше сите да размислат кој би можел кај нас  да биде личноста која таа ја побара.

Имено, Снеже им откри, на оние кои тоа досега не го знаеле дека постои „Министрество за среќа“ и министер кој што е задолжен за среќата на другите луѓе, а сними и видео во кое побара од следбениците да ги кажат нивните предлози:

–   Денеска прочитав информација дека во обидинетите арапски емирати има „Министерство за среќа“. Значи има министер кој што е задолжен за среќата на граѓаните.  Е, па бидејќи нели сме во фаза на формирање влада, јас би да ми дадете предлог кој би бил министер за среќа кај нас м? Ајде да видам  – кажа, а воедно и ги праша преку краткиот клип.

Нивните одговори навистина беа креативни, а на почеток не предложија никој туку на прашањето која би била таа личност одговорот беше дека и тој веќе заминал од Македонија.

Кoј би бил министер за среќа во Македонија:

– Тој сигурно живее во странство, „online“ министер значи!  – ги надополни Снеже со шеговито објаснување дека и тој заминал, со што сите ги насмеа.

Следите предлози беа доста па затоа во продолжение одбравме неколку кои можете да ги погледнете подолу во текстот.

Влатко Лозановски  – пејач 

Лазар Бараков  – актер

Агнеса Органџиева  – трендсетерка/старлета

Игор Џамбазов  – Македонскиот актер и шоумен 

Сашко Костов  – стенд-ап комичар, водител, актер

Фото: printskrin/instagram/velkovsneze

To top