Снеже Велков секогаш има нешто ново да сподели на социјалните мрежи. ТВ водителката постојано има „Нешто конкретно“ да им покаже на своите следбеници кои не се така мала бројка, а меѓу нив, повеќето се припаднички на понежниот пол. Или тоа така барем се вика, зашто иако важат за „од нежни-понежни“ поедини работи што тие можат да ги направат, овие од посилниот пол не можат ни да сонуваат! Што „кревките дами“ можат смеејќи, „силните фраери“ не можат ниту плачејќи… Ама тоа е тема за некоја нод нејзините емисии во која синооката убавица ги третаира женско-машките односи и релации.

Она што ова утро Снеже сакаше да ви го покаже и докаже е тоа колку е важно да си разгибан(а) штом станеш, пред било што да почнеш да правиш. Па онака во нејзин стил, во импровизираната домашна вежбална, убавата водителка право од спална се фати за вежбање.
Ни измиена, ни исчешлана, ниту во спортска облека облечена, туку онака пижамосана тргна да покажува вежби во домашната теретана. До душа теретана не е, тоа само така се вика, колку да е појасно за кој простор се работи, додека се тегнат мускули и крцкаат зглобови.

А бившата профи пилатес инструкторка растегната како ластегарка… Со леснотија почна да покажува, за што се’ ја бидува. Разни пози, на патос со двете раци и две нозе, налик на мост или што ли веќе свиткана во лак.

Потоа едната нога високо горе, па по неа другата исто така, па неколку склека горе-долу…

Врвна пилатес гимнастика стекната од искуство и практика. И се’ така додека душата не рече – доста е!

Наравоучение од оваа показна вежба на вештата ТВ водителка има само едно: Снеже Велков покажа што ти значи да станеш (од постела?) разгибана уште рано посабајле… Зашто „незагреана“ – ни у домашна вежбална!
Фото и видео: Инстаграм/velkovsneze







