Снеже Велков не е само позната ТВ водителка и исто толку позната некогашна пилатес инструкторка, туку и семејна жена – домаќинка и особено посветена мајка на две машки чеда.

Два сина, од кои поголемиот е веќе доволно возрасен за да живее сам и тоа сакал – нејќел, зашто студиите ги тера во странство. Оној пак помалиот се’ уште е со мама и тато, па извесно е русокосата водителка, дома како секоја добра мајка мора да се грижи и за она што технологијата и го олеснила на секоја домаќинка.

Машина за перење алишта, за сушење, па и за пеглање, ама машина за диплење уште не измислиле, а за спарување чорапи пак – ич! Или барем ги нема кај нас.

Ама затоа има вредни мајки, кои покрај сето останато диплењето алишта, а и спарувањето чорапи на машкиот дел од нивната фамилија уште за малку што не им прераснало во „професија“. маката е особено голема, ако ситѕе чорапи се ист модел и во иста боја. Темно сини накај сиви… или веќе кави и да се, ама навидум исти се! Па ти види која со која ќе ја спариш, а на крај сепак да не ти останат 7 неспарени чорапи вишок! За да не ја мајтапите, Снеже Велков самата си обзнанила дека „само машките мајки ќе го разберат ова“ со чорапите!
Арна ама, нејзиниот помал син и тоа како знае да го компензира трудот на мама околу перењето, спарувањето и диплењето, со тоа што ќе ја олабави од ангажман во готвењето. „Стигнала мајка замена во кујна да има“ – споделила гордата мајка Снеже во видеото со кое ќе се пофали како умее сам да готви нејзиниот „синко мали“!
И сега некој можеби и „со лева рака ќе се крсти“, ама евидентно е дека детето умее совршено да приготви „пилешки прсти“!
Очигледно, цел е на мајка, а мајка, готви за петка…

Но, Снеже Велков дали знае дека ретко која мајка дома е сведок на ваква глетка?
Фото и видео: Инстаграм/velkovsneze





