Снежана Ѓуришиќ од денот кога се појави на јавната сцена важи за една од најдобрите пејачки.
На почетокот на месецот го прослави својот 66-ти роденден, мајка е на две деца, а долго време е и баба, а нејзиниот изглед остава впечаток на вистинска дама.
Иако поради природата на работата се грижи за здрава и редовна исхрана, има денови кога знае да „попушти“ на предизвиците.
– Се трудам да ги избегнувам слатките, но понекогаш си давам одмор и уживам во нив – вели таа.
Пејачката најмногу се здебелила додека престојувала во Америка, со ќерката Маја.
– Културата на темната храна совршено се совпаѓаше со хедонистот во мене – признала таа во едно интервју.
– Прекумерната тежина ме мотивираше да се поврзам со војникот во мене. Два месеци држев специјална диета и така ослабев 20 килограми – открила омилената пејачка.
Доколку ви треба диета и сакате да ги спроведете советите на Снежана Ѓуришиќ во пракса, ова е вистинското време.
Имено, Снежана ослабе со помош на лубеница.
– Два месеци јадев само лубеници и го пиев нивниот сок – објаснила таа.
– Сепак, не ослабев само така. Килограмите се стопија благодарение на редовниот тренинг. Вежбав два до три пати неделно – заклучила Снежана Ѓуришиќ.
фото: printskrin/instagram