Внукот на Шабан Шаулиќ Лука Аџиќ прослави три години брак со сопругата Александра. Таа објави слики на кои се гледа како уживаат со наследничката Лана.
Стаситиот фудбалер кој кариерата ја започна во Црвена Звезда, играше во неколку светски познати клубови, а сега се врати во Белград. Лука влезе во брачните восди многу млад – сега има само 25 години.
Да потсетиме, Лука е син на ќерката на Шабан, Санела од првиот брак, која веќе 11 години има втор брак со исто така поранешниот фудбалер Зоран Бата Мирковиќ.
Познато е дека Шабан го сакаше фудбалот, а беше исклучително горд на својот внук Лука.
View this post on Instagram
„Моето семејство верува во мене, тие се ветерот во мојот грб, како и мојата сопруга“, изјави неодамна Лука за српски Журнал.
View this post on Instagram
Неговата избраничка завршила Технолошко-технички факултет, но се посветила на домот и детето, а нејзиниот Инстаграм профил изобилува со слики од нејзиниот брачен живот.
View this post on Instagram
Покрај Лука, таа и Лана уживаат, често патуваат и поминуваат време на познати плажи, а од семејството Шаулиќ се слеваат лајкови и пофалби за изгледот на Александра чија става и лик наликуваат на оние на светските топ модели.
View this post on Instagram
Фото: Инстаграм/aleksandra.licina