Актерката Тилда Свинтон дефинитивно изгледа посвежо и подмладено, што многумина и го припишуваат на љубовната врска со 18 години помладиот уметник Сандро Коп.
Нивниот почеток на љубовта бил повеќе од необичен со оглед на тоа што во еден момент не живеела само со него, туку и со поранешниот сопруг, откако му признала дека се заљубила.
Сите тројца живееле под ист покрив, откако таа му признала на поранешниот сопруг дека се заљубила. Имено, таа ја запознала Сандро на снимањето на филмот „The Chronicles of Narnia: The Lion, the Witch and the Wardrobe“. Не им требаше долго време за да стапат во тајна врска, а нејзиниот поранешен сопруг, инаку сликар и драматург Џон Бирн, одлучи да остане да живее во заедничкиот дом за да ги одгледа нивните близнаци, ќерката Онор и синот Ксавиер, кои тогаш имаа 16 години.
„Сè уште го сакам Џон, но се заљубив во Сандро, па ова беше единственото разумно решение. Тоа што поминувамдел од годината со Сандро не значи дека морам да ставам крај на животот со таткото на моите деца. Сите сме едно семејство“, го објасни фактот дека со години сите живееле под ист покрив.
View this post on Instagram
Неколку години подоцна, кога нивните деца пораснаа и тргнаа по стапките на нивната мајка, Џон се оддалечи од Тилда. Актерката подоцна прокоментирала дека животот со нејзиниот поранешен и сегашен љубовник воопшто не бил чуден, но прашање е како реагирал нејзиниот поранешен сопруг, којшто е 20 години постар од неа.
“Тоа не го изненади премногу. Знаеше дека има голема разлика меѓу нас. Џон е многу постар од мене и имаше претчувство дека во одреден момент ќе најдам некој помлад”, открила неконвенционалната ѕвезда.
“Сето тоа е прилично досадно. Таткото на моите деца и јас сме многу добри пријатели, а сега сум во среќна врска со друг маж. И сите сме пријатели. Животот не мора да биде комплициран. Мора да имате сочувство и да не се обвинувате кога работите ќе се искомплицираат за доброто на нашите деца, тој остана со нас, но сега децата пораснаа, па не живееме повеќе заедно, но навистина не гледам зошто медиумите се шокирани од таквиот начин на живот“, додала ѕвездата која има исклучително искрен однос со Џон и е една од првите луѓе на кои и се доверил дека е плод на инцест, односно на мајка му и Дедо му.
View this post on Instagram
„Сега Сандро ми е единствениот партнер. Патуваме и живееме заедно, ме следи каде и да одам и тоа многу ме радува“, изјави тогаш актерката, а нивната љубов продолжува со истиот жар како на почетокот, а тие може многу често да се види во јавност додека си разменуваат нежности, а 18 години помладиот Сандро не крие колку ја сака својата избраничка, па дури и ја насликал минатата година, а токму овој портрет бил главна тема на неговата најголема изложба.
фото:Instagram printscreen/ tildaswintonislove