Радио Милева инцидент

Славната актерка Тара Рид тврди дека ја издрогирале во хотелскиот бар, а се појави и снимка

Славната актерка Тара Рид тврди дека ја издрогирале во хотелскиот бар, а се појави и снимка

Актерката Тара Рид (50) тврди дека била дрогирана и оставена во несвест во инцидент што се случил во раните утрински часови во недела.

Ѕвездата од филмот „Американска пита“ била итно однесена во болница, а вознемирувачко видео што го објави ТМЗ покажува како прво ја ставиле во инвалидска количка, а потоа на носилка ја однеле во блиската клиника.

На видеото се гледа како Рид неповрзано им зборува на луѓето што се обидуваат да ѝ помогнат, а во еден момент речиси паѓа од инвалидската количка додека обезбедувањето ја води низ лобито на хотелот. Откако повторно ја седнале, болничарите ја презеле и ја однеле.

@tmz🚨EXCLUSIVE: Tara Reid says she was at a Chicago hotel early Sunday morning, when somebody slipped a drug in her drink and she was rendered unconscious. We obtained this video, showing Tara splayed out on a stretcher as paramedics took her to a nearby hospital. STORY AT LINK IN BIO 🔗♬ original sound – TMZ

Рид раскажала дека инцидентот се случил во хотелски бар во областа на Чикаго, иако точната локација сè уште се утврдува. Нејзиниот портпарол изјавил за Дејли Мејл: „Тара Рид поднесе полициска пријава по инцидент за кој верува дека е резултат на подметнување дрога. Таа целосно соработува со полицијата. Моментално закрепнува и бара приватност во овој трауматичен период. Исто така, ги повикува сите да внимаваат на своите пијалаци и никогаш да не ги оставаат без надзор. Во овој момент нема да дава понатамошни коментари“.

Рид, според нејзиното кажување, пристигнала во хотелот доцна во саботата и се упатила кон барот на приземјето. Откако нарачала пијалак, излегла надвор да запали цигара. Таа тврди дека пронашла група јутјубери во лобито, од кои еден ѝ се придружил надвор. Кога се вратила во барот, нејзиниот пијалак бил покриен со салфетка – што веднаш ѝ било сомнително бидејќи таа никогаш не го прави тоа. И покрај тоа, ја извадила салфетката и продолжила да пие. „Следното нешто што го паметам е болницата“, рекла таа.

Иако во минатото се борела со зависност, Рид изјавила за ТМЗ дека таа вечер испила само еден пијалак. Лицето кое го снимило видеото тврди дека актерката, пред да пристигне брзата помош, викала: „Не знаете која сум! Јас сум славна! Јас сум актерка!“.

Во разговор за „TMZ Live“ во понеделник, Рид подетално го опишала наводниот напад.

@tmzTara Reid opens up on TMZ Live about why she’s convinced someone slipped something into her drink that knocked her out.♬ original sound – TMZ

„Се пријавив во хотелот, отидов да се напијам еден пијалак и да запалам цигара. Ја оставив чашата на шанкот и излегов само на кратко. Имаше неколку јутјубери кои шетаа низ лобито, снимајќи сè околу нив, атмосферата беше чудна. Кога се вратив, мојот пијалак беше покриен со салфетка. Си помислив: „Ова не е мое“. Испив уште малку… и тоа е последното нешто што го паметам. Следното нешто што го знам – се разбудив во болница осум часа подоцна“.

фото:Instagram printscreen/tarareid

To top