Радио Милева беа свршени од 2021 година

Славната актерка Кристен Стујарт се венча со својата партнерка на интимна церемонија пред најблиските (видео)

Славната актерка Кристен Стујарт се венча со својата партнерка на интимна церемонија пред најблиските (видео)

Познатата актерка Кристен Стјуарт и Дилан Мајер се венчаа на интимна церемонија одржана во Лос Анџелес по речиси шест години врска.

Актерката позната по улогата во серијата „Самрак“, 35-годишната Стјуарт и 37-годишната сценаристка Мајер си размениле завети во неделата, 20 април, во домот на Стјуарт.

Според ТМЗ, парот добил дозвола за брак од локалната судница неколку дена пред церемонијата.

Свадбата била многу приватна, а присуствуваа само најблиските пријатели и членовите на семејството, меѓу кои и актерката Ешли Бенсон и нејзиниот сопруг Брендон Дејвис.

Кристен и Дилан се запознаа во 2013 година на снимање, но се зближија дури во 2019 година, откако Стјуарт ја прекина врската со моделот Стела Максвел.

Својата врска ја објавија во октомври истата година на Инстаграм, а се верија во 2021 година.

фото: You Tube printscreen/SHOWSHA

To top